Достапни линкови

Капетанот и претставникот на Лојд виновни за несреќата на бродот ,,Илинден,,


Основниот суд во Охрид денеска ги прогласи за виновни капетанот Сотир Филески и овластениот претставник на германски Лојд Бранко Баиќ за потонувањето на бродот ,,Илинден,, во септeмври 2009 година при што загинаа 15 бугарски туристи. Тие се осудени на по една година затвор. Во образложението на пресудата се наведува дека обвинетите се виновни за предизвикување тешки дела против луѓето и имотот во сообраќајот и оти со своето несовесно работење придонесле за несреќата.
XS
SM
MD
LG