Достапни линкови

Младиќ пред суд: Веќе видена тактика


Ратко Младиќ во судницата на Хашкиот трибунал

Ратко Младиќ во судницата на Хашкиот трибунал

Второто појавување на обвинетиот за воени злосторства и геноцид во Босна и Херцеговина, Ратко Младиќ, пред судиите на Хашкиот трибунал беше проследено со негово отстранување од судницата. Тој не сакаше да ги слушне обвинувањата за кои не се изјасни се додека не му бидат одобрени бранителите кои ги одбрал. Експерти во Сараево и во Белград со осуда за ваквиот потег на Младиќ.

„Господин Младиќ, господин Младиќ, господин Младиќ. Судот наредува да бидете отстранет од судницата. Го молам обезбедувањето да го изнесе.“

Претседателот на Хашкиот трибунал, Алфонс Ори, беше принуден на ова, откако Ратко Младиќ почна да ја попречува расправата, по неисполнетото барање за негови бранители да бидат именувани двајца белградски адвокати.

„Господине Ори, можете да работите што сакате, но без господин Шаљиќ и господин Мезјаев, немам потребно ништо да примам, ниту да зборувам, а вие работите како што сакате.“

Алфонс Ори

Претседателката на Друштвото на загрозени народи во Босна и Херцеговина Фадила Мемишевиќ наведува дека ваквото негово однесување не изненадува, бидејќи тоа било вистинското лице на Младиќ кое, како што вели, го паметат семејствата на жртвите во Босна и Херцеговина.

Според Мемишевиќ, Хашкиот трибунал ќе мора таквото однесување да го прекине што поскоро.

„Инаку самиот Трибнал ќе ги изгуби кредибилитетот и веродостојноста, а
На секој што ги следеше досегашните настани пред Судот му е сосема јасно дека и тој како Милошевиќ и Шешељ посебно, ќе прави се да ја опструира работата и да покаже висока мера на непочитување
на Судот.
тој е осован за да се задоволи правдата и да им покаже на жртвите дека нивниот глас се слушнал. Во спротивно, станува збор за фијаско и на Советот за безбедност кој го етаблира овој суд.“

Со неа се согласува директорот на Истаржувачко-документацискиот центар во Сараево, Мирсад Токача, кој изразува уверување дека Судот, со оглед на здобиеното искуство од претходните случаи, нема на Младиќ да му дозволи голем маневарски простор.

„На секој што ги следеше досегашните настани пред Судот му е сосема јасно дека и тој како Милошевиќ и Шешељ посебно, ќе прави се да ја опструира работата и да покаже висока мера на непочитување на Судот. Значи сега е на Судот да реагира во рамките на своите надлежности.“


За инцидентот што го предизвика Ратко Младиќ при неговото второ појавување пред Хашкиот трибунал за да се изјасни околу обвинувањата, претседателката на Хелсишнкиот комитет Соња Бисерко се согласува дека е продолжување на стратегијата на одолговлечување и на вртење на вниманието од она што е важно.

„Од она за што се обвинети, за масовни воени злосторства, за геноцид во Босна и Херцеговина. Таква всушност беше и политиката во изминативе години, дури и тогаш кога се пренесуваше судењето на Слободан Милошевиќ, па и на Воислав Шешељ. Се се сведуваше на тоа судот да се прикаже како еден циркус.“

Бисерко додава дека на тој начин се сака да се поткопа кредибилитетот на Хашкиот трибунал и да се создаде слика дека тој е непрофесионален, а со тоа и некомпетентен.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG