Достапни линкови

Двајца војници убиени во југоисточна Турција


Двајца турски војници биле застрелани денеска кога излегувале од нивните домови во градот Јоксекова, во југоисточна Турција. Нападите се извршени во округот Хакари, на границата со Иран и Ирак, кој е центар на судирот меѓу државата и курдските бунтовници. Во меѓувреме во главниот град на Турција, Анкара одекна експлозија на фреквентен пат, покрај кој се наоѓаат владини и воени згради, при што е уништено едно воено возило.
XS
SM
MD
LG