Достапни линкови

Претставници на руски Газпром во посета на Северна Кореа


Делегација на руската државна компанија за природен гас „Газпром“ беше во посета на Северна кореа. Севернокорејската новинска агенција јави дека делегацијата ја предводел заменик управниот директор на руската компанија Александар Анеников. За сега не се познати повеќе детали за настанот. Во мај руската новинска агенција Интерфакс јави дека руски државен службеник се сретнал со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил на разговори за проекти меѓу кои и изградба на железничка пруга во Северна Кореа како и поставување на гасовод.
XS
SM
MD
LG