Достапни линкови

logo-print

Хуго Чавез се врати во Венецуела по операција во кубанска болница


Претседателот на Венецуела Хуго Чавез се врати од Куба, каде се оперираше од рак. Илјадници приврзаници му посакаа добредојде на лидерот пред претседателската палата во главниот град на земјата. Во своето обраќање од балконот на палатата Чавез изјави дека се уште му е потребна медицинска нега. Претседателот се врати во земјата пред прославата на 200 годишнината од независноста од Шпанија.
XS
SM
MD
LG