Достапни линкови

ОБСЕ загрижени за состојбата со медиумите во земјата


Дуња Миајтовиќ

Дуња Миајтовиќ

Претставничката на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, денеска изјави дека е загрижена за состојбите со медиумите во земјата. Таа изразува загриженост за трите медиуми во сопственост на Плус продукција кои се соочуваат со затворање за наводно затајување данок, за А1 телевизија, како и за случувањата во Утрински весник Мијатовиќ ги повикува властите да се придржуваат до владеењето на правото во случајот со медиумите од Перо Наков
Мијатовиќ ги потсети надлежните органи дека медиумскиот плурализам е предуслов за демократизација на земјата. Никогаш затворањето на критички медиумите не води до политичка и економска стабилизација, туку допринесува да се изгуби довербата во политичарите, рече таа.
XS
SM
MD
LG