Достапни линкови

logo-print

Амбасадорот Рикер на проштална средба кај Иванов


Амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер

Амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска во проштална посета го прими амбасадорот на Соединетите Американски Држави во земјата Филип Рикер. Како што информира Кабинетото на претседателот, двајцата соговорници се согласиле дека односите меѓу Македонија и САД се исклучително добри, на ниво на стратегиско партнерство кое со несмален интензитет опстојува од осамостојувањето на Македонија до денес. На средбата, претседателот Иванов изразил задоволство од досегашниот развој на односите, соработката и партнерството со Соединетите Американски Држави, искажувајќи висока почит за ангажманот и посветеноста на амбасадорот Рикер во градење и развивање на односите помеѓу двете држави. Амбасадорот Рикер истакнал дека САД високо го цени пријателството и партнерството со Македонија и му се заблагодарил на претседателот Иванов за исклучително позитивната и конструктивна соработка за време на неговиот мандат, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.
XS
SM
MD
LG