Достапни линкови

Турција-избран собраниски спикер и покрај бојкотот на опозицијата


Парламентот во Турција денеска избра нов претседател и покрај бојкотот на опозицијата. Чемил Чичек,од партијата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган беше избран со поддршка од 322 пратеници. Партијата на Ердоган има мнозинство во 550-члениот парламент. Членовите од опозициската Републиканска народна партија беа присутни, но не беа во можност да гласаат, затоа што не дале свечената заклетва за да се стане пратеник. Курдските пратеници не се појавија ни на денешната седница. Тие го бојкотираат Собранието поради затварањето на двајца пратеници кои чекаат да им биде судено за наводно анти-владини дејности и поврзаност со курдските бунтовници.
XS
SM
MD
LG