Достапни линкови

Средба Ештон -Тачи во Брисел


Тачи и Ештон

Тачи и Ештон

На прашањето дали членството на Србија во ЕУ , ќе биде условено со признавањето на независноста на Косово, Комесарот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон изјави дека на патот на Србија кон ЕУ ќе дојде и до разгледување на политички прашања, а членките на ЕУ ќе одлучат „кога и дали“ Србија ќе влезе во Унијата. Таа рече дека иднината
на Србија и на Косово е во ЕУ и дека може да се оствари напредок за двете страни на тој пат. Ештон денеска во Брисел имаше средба со косовскиот премиер Хашим Тачи. Ештон од Тачи побарала со поголема енергија да ги спроведуваат реформите во интерес на луѓето во Косово. Тачи се заложи за спроведување на реформите и законите и рече дека Приштина сака добри односи со своите соседи, Албанија, Црна Гора, Македонија , како и Србија.
XS
SM
MD
LG