Достапни линкови

logo-print

НАТО и Русија не ги доближија гледиштата за Либија


Сергеј Лавров

Сергеј Лавров

Русија и НАТО на денешниот состанок во Сочи не успеаа да ги намалат разликите околу воздушната кампања на западните сили во Либија. По разговорите министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека досега не постои заедничко гледиште за тоа како резолуцијата се спроведува. Мислејќи притоа на резолуцијата која ја усвои Советот за безбедност на ОН со кој беше дозволена воздушната мисија во Либија. Русија тогаш беше воздржана. Во меѓувреме, воените авиони на НАТО ги засилија нивните бомбардирање над Либија, за речиси двојно во споредба со изминатите недели.
XS
SM
MD
LG