Достапни линкови

Реган доби споменик и во Лондон


Роналд Реган

Роналд Реган

Триметарска статуа на поранешниот американски претседател Роналд Реган е подигната денеска пред американската амбасада во централен Лондон. Поставувањето на статуата се совпаѓа со одбележувањето на Денот на независност на Америка. Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг прочита писмо од поранешната премиерка Маргарает Тачар која не можеше да присуствува на настанит, поради болест. Во писмото од Тачер се наведува дека Реган со својата посветеност допринел за слободата на милиони луѓе, по падот на жечезната завеса . Хаг пак Реган го опиша како еден од најзначајните личности на 20-от век. Минатата недела беше поставен споменик на Реган во Будимпешта. Овие и уште неколку други настани се дел од програмата за одбележување на 100 годишнината од неговото раѓање.
XS
SM
MD
LG