Достапни линкови

Подршка до македонските новинари од колегите од Германија


Од денешните протести на новинарите

Од денешните протести на новинарите

Германските новинари и новинарскиот синдикати ВЕР испратиле писмо до македонскиот Синдикатот на новинари и медиумски работнииц, во кое изразуваат солидарност до македонските колеги Во писмото се наведува дека со голем гнев и разочарување слушнале за проблемот и последните настани што колегите и колешките ги имаат со раководството на ВАЦ. Тие во писмото наведуваат дека бараaт од Бордот во Македонија и во Германија, во Македонија да се однсеуваат согласно германските стандарди на цивилизираност и коректност и бараме од менаџментот на претпријатието благовремено и прецизно да го информираат синдикатот и вработените за планираните промени и бизнис планови како и за иднината на нивните работни места. Потоа менаџментот веднаш да ги повлече сосема непримерните и несоодветни откази и да ги врати на нивните работни места. Колегите од Германија на своите колеги во Македонија им порачуваат да останат борбени и да не дозволуваaт да им бидат одземени правата. Туку да ги одбранат своите работни места, етичките и правни стандарди на професија и нејзината општествена одговорност.
XS
SM
MD
LG