Достапни линкови

Русија-постои службена одговорност за смртта на Магнитски


руски затвор

руски затвор

Руските власти денеска соопштија дека имало пропусти во затворот, во кој почина адвокатот Сергеј Магнитски. Ова е прво признание дека постои и службена одговорност за смртта на адвокатот. Федералната истражна комисија соопштува дека адвокатот немал доволно медицинска нега а тоа е директна причина за смртта на Сергеј Магнитски. Тој почина во 2009-та. Беше уапсен откако открил нелегална шема преку кои руските официјални лица добиле повеќе од 200 милиони долари од даноците кои им ги праќаат западните фирми. По тоа адвокатот беше обвинет за многу кривични дела. Случајот се разгледува како барометар на ангажираноста на рускиот претседател Дмитриј Медведев за почитување на владеењето на законите.
XS
SM
MD
LG