Достапни линкови

Новинарите протестираат, откази летаат


Протест на новинарите во Скопје.

Протест на новинарите во Скопје.

Откази, уцени, закани, неплатени придонеси, отпуштања и затворање на медиуми – медиумскиот хаос ги натера новинарите да излезат на протест.

Тројца новинари од Утрински весник што учествуваа на денешниот новинарски протест се отпуштени од работа веднаш по завршувањето на протестот. Главната уредничка на весникот, Соња Крамарска, не можеше да ја потврди информацијата и само кусо ни рече дека се уште чека официјално известување од раководството на компанијата.
Иако, новинарите носеа транспаренти „Отказите нема да не замолчат“, замолчувањето сепак стапува на сила.

Неколку стотини новинари од речиси сите медиуми излегоа на протест во одбрана на работничките права на медиумските работници. Тие побараа од работодавачите да го признаат синдикатот како реален партнер во социјалниот дијалог и да не се дозволат новинарскиот труд да се третира како алатка за исполнување на личните бизнис или политички интереси.



Претседателката на независниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, вели дека овој протест за солидарност треба да покаже дека случувањата во медиумите не заслужуваат да бидат проследени со молк и рамнодушност ниту од јавноста ниту од фелата.
Денеска сме тука и за оние кои не дојдоа и за оние кои се обидоа другите да ги обесхрабрат
да дојдат.

„Да покажеме дека сме способни да ги збиеме редовите, дека извлековме поука оти никој не е недопирлив, дека само обединети сме силни и дека само така можеме да ги смениме работите и дека е крајно време да почнеме да го правиме тоа. Денеска сме тука и за оние кои не дојдоа и за оние кои се обидоа другите да ги обесхрабрат да дојдат.“

Претседателот на Здружениото на новинари, Насер Селмани, се огради од сите обиди на злоупотреба и политизација на протестот. Тој вели дека треба да се потсетат државните институции дека доколку во изминативе години се почитуваше законот и фунционираше правната држава, ова немаше да ни се случи.

„Јасно сакаме да кажеме дека не бараме од никого милост туку бараме да се почитуваат нашите работнички права кои се гарантираат со закон. Не бараме никој од нас да се сожалува туку инсистираме надлежните органи, инспекциите и УЈП да го спроведуваат законот целосно и неселективно.“



Тој додаде дека новинарите не сакаат државните органи да ги заштитат од откази туку да спречуваат вработување во медиумите на црно.

Новинарката Кристина Озимец вели дека младите новинари се во апатична состојба и се плашат.

„Овде сум за ова да се промени да се поткрене свеста, особено кај младите новинари, кај оние што се уште народски кажано „не си го дале задникот“, бидејќи според мене тие се најбитното ткиво и последна шанса за промени
Овде сум за ова да се промени да се поткрене свеста, особено кај младите новинари, кај оние што се уште народски кажано „не си го дале задникот“.
во новинарството. Сакам да испратам еден апел до оние колеги што не се појавија на денешниот протест дека на тој начин нема да биде подобро.“

Новинарката Ивана Настеска смета дека е потребно да се изрази поддршка на сите колеги кои остана без работа.

„Затоа што токму лани ова време јас и уште неколку помлади колеги, кои исто како мене, останавме без работа, но тогаш одговорот на поискусните беше дека ние сме неизделкани новинари и дека не треба да е крене глас за нас.“

Околу 150 новинари, сниматели и медиумски работрници месецов се соочуваат со отпуштања. Дел од весниците полека згаснуваат. „Време“, „Шпиц“ и „**** е ре“, веќе престана да се печатат, а вработените заминаа на принуден одмор.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG