Достапни линкови

Состанок на НАТО и Русија во Сочи


Андрес фог Расмусен

Андрес фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен на отварањето на денешниот Состанок на Алијaнсата и Русија во Сочи, рече дека пред земјите се наоѓа комплексна задача и сфатиле дека не им требаат брзи резултати, туку добри. Во предвид ги зеле сите работи, и ризикот и загриженоста на сите земји членки на НАТО. Претходно рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека разговорите не оделе по планираното поради улогата на НАТО во Либија и американските планови за одбранбен ракетен систем во европските членки на Алијансата. Во меѓувреме, рускиот претседател Дмитри Медведев и јужноафрикански претседател Џејкоб Зума разговараат за планот за мир во Либија, на маргините на Состанокот.
XS
SM
MD
LG