Достапни линкови

Буџетскиот дефицит на Грција и натаму над 10% од БДП


Протести во Грција против мерките за штедење

Протести во Грција против мерките за штедење

Буџетскиот дефицит на Грција во 2011-та ќе остане на ниво од над 10 проценти , ако Владата не превземе дополнителни мерки за штедење, се оценува во извештајот на ЕУ, ММФ и Европската Централан Банка, за состојбите на грчката економија во мај и јуни. Грција пред една недела го усвои пакетот мерки за намалување на буџетските трошоци за 28 милијарди евра до 2015-та година. ЕУ, ММФ и ЕЦБ на три месеци ја оценуваат состојбата на грчата економија. Иако Грција успеа да го намали буџетскиот дефицит во 2010, сепак не успеа да ги оствари договорените 9,4 проценти. За оваа година е предвидено дефицитот да се сведе до 7, 6 проценти од БДП.
XS
SM
MD
LG