Достапни линкови

Откази, уцени, закани, неплатени придонеси, отпуштања и затворање на медиуми – медиумскиот хаос ги натера новинарите да излезат на протест.

Незаконско делење откази, неплатени придонеси, обесправени хонорарци, плати на рака или во бонови, одмолчување на институциите за незаконското работење на медиумските сопственици, уцени и закани . Околу 150 новинари, сниматели и други медиумски работници месецов се соочуваат со отпуштање. Ова се дел од причините поради кои новинарите
Ние мораме да се обединиме околу тоа дека газдите не можат да отпуштаат новинари надвор од законската процедура, не смеаат така да се однесуваат со новинарите.
денеска излегоа на протест. Тие ќе го искажат своето незадоволство од третманот на новинарите и непочитувањето на законот за работни односи во земјава. Претседателката на независниот Синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, вели дека од самото формирање на Синдикатот се соочуваат со дирекно кршење на работничките права во медиумската сфера.

„Нема ден, а да не не информираат за откази без процедура, за кршење на работничките права, за укинување на правото на годишен одмор, за закани, за уцени.“


Таа додава дека списокот на причини за протестот е многу долг, а пораката до работодавачите е едноставна - „Новинарите се организирани, не можат да ги поткупат, ниту да ги заплашат“.

Организаторите на протестот потенцираат дека не бараат поддршка ниту од власта, ниту од опозицијата. Тие апелираат новинарите сами на себе да си помогнат, да им дадат до знаење на институциите и на своите газди дека ќе бидат активни во остварување на работничките права. Претседателот на Здружението на новинарите, Насер Селмани, вели дека новинарите мора да покажат солидарност.
Се надеваме дека денешниот протест исто така ќе покаже дека конечно вработените во медиумите сфатија дека поделбите меѓу нив не водат никаде.

„Ние мораме да се обединиме околу тоа дека газдите не можат да отпуштаат новинари надвор од законската процедура, не смеаат така да се однесуваат со новинарите. Ако ние не се бориме за новинарските права, верувајте тоа никој нема да го прави за нас.“

Директорката на Македонскиот институт за медиуми, Билјана Петковска, вели дека мотивите за протестот се поврзани со проблеми кои се таложат во последниве неколку години, а со денешниот протестен марш треба да се покаже заедништво, сила и професионална солидарност.


„Се надеваме дека денешниот протест исто така ќе покаже дека конечно вработените во медиумите сфатија дека поделбите меѓу нив не водат никаде и дека ваквите поделби и кавги кои подолго време се присутни, се на штета на целата фела и на медиумскиот систем во целина.“

Од денеска престанаа да се печатат весниците „Време“, „Шпиц“, „**** е Ре“. Вработените се на колектривен одмор додека не се реши состојбата. Две новинарки од Утрински деновиве беа отпуштени зашто се побунија против најавите за отпуштања во весникот, а на десетина други им се закануваат откази. Информативаната програма на А1 Телевизија е сведена на неколку минити технички информации . Од пред неколку недели и неделникот „Глобус“ престана да се печати.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG