Достапни линкови

Почина Ото фон Хабсбург, син на последниот австроунгарски цар


Ото фон Хабсбург, син на последниот австроунгарски цар, и голем пријател и поддржувач на Македонија, почина денеска на 98 години во својот дом во Баварија.
За исклучителниот придонес за јакнењето на меѓународната положба и углед на Република Македонија и за промоција на нејзината европска иднина преку неговиот ангажман како претседател на Паневропската унија и член на Европскиот парламент македонскиот претседател Ѓорге Иванов го одликува со Орденот за заслуги за Македонија.
Тој во 2006 година го доби и престижното признание - Плакета и диплома „Борис Трајковски“, што го доделува Паневропската унија на Македонија.
Ото фон Хабсбург е син на Карло Први, последниот император на Австро-Унгарија и наследник на династијата Хабсбург. Дал силна поддршка за независноста на Република Македонија и нејзин брз прием во ЕУ. Како израз на таа поддршка, својата прва од бројните посети на Македонија ја има набргу по независноста, во раните 90-ти години на минатиот век. Неговите потомци, синовите Карл и Георг, како и една од ќерките - Валборга исто така се постојани поддржувачи на Македонија.
XS
SM
MD
LG