Достапни линкови

Белорусија - апсење и за прегласен аплауз за Лукашенко


Белоруски групи за човекови права соопштија дека полицијата уапсила голем број опозициони демонстранти кои го одбележуваа Денот на независноста.
Неколку лица, како што се јавува, вчера биле уапсени за премногу гласно аплаудирање на говорот на претседателот Aлександар Лукашенко, во кој тој ја предупреди опозицијата да не крева бунтови против неговиот режим.
Групата за човекови права „Весна“ извести дека полицијата уапсила најмалку 20 луѓе на различни локации.
Белоруски власти вчера го блокирале и пристапот на сајтовите на социјалните мрежи, во обид да се спречат протестите на националниот празник, кој го означи крајот на нацистичката окупација на Белорусија во 1944 година.
Проблеми имаа и корисници кои се обидувале да го посетат веб-сајтот на Слободна Европа.
XS
SM
MD
LG