Достапни линкови

Во Скопје продолжува судскиот процес „Пајажина“


Велија Рамковски - сопственик на А1

Велија Рамковски - сопственик на А1

Во Основниот суд Скопје 1 Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Пајажина“ во кој е обвинет бизнисменот и сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски и уште 22 лица кои се товарат за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари и други приноси од казниво дело, злоупотреба на службената положба и овластување и оштетување или повластување доверители.
На последното рочиште, што се одржа на 23 јуни, одбраната во случајот приговараше на записникот од минатата седница добиен по електронски пат. Судијката Павлина Христовска останува да го води предметот „Пајажина“, иако адвокатите на обвинетите побараа нејзино иземање поради нејасниот записник од претходното рочиште, во кој, како што велат, имало заведено дејствија кои не се случиле.
Судијката Христовска тогаш објасни дека станува збор за техничка грешка. Денешното рочиште е четврти обид да се прочита обвинението против осомничените, бидејќи судењето постојано се одложуваше на барање на адвокатите.
XS
SM
MD
LG