Достапни линкови

Турција ги прекина односите со Моамер ел Гадафи


Турција ги прекина дипломатскте врски со либискиот лидер Моамер Гадафи и го повлече својот амбасадор од Либија, се наведува во турскиот Службен весник.
Одлуката е донесена откако турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу го посети Бенгази и објави дека Анкара ќе обезбеди уште 200 милиони долари помош на бунтовничкиот Преоден национален совет, како дополнителна помош на објавените во јуни 100 милиони долари.
- "Време е лидерот Моамер Гадафи да ја напушти Либија", изјави Давутоглу, истакнувајќи дека Турција го признава Преодниот национален совет како легитимен претставник на либискиот народ.
Турција имаше блиски односи со Либија, но по протестите против режимот на Моамер Гадафи се дистанцира од либискиот лидер.
XS
SM
MD
LG