Достапни линкови

Протест на новинарите и медиумските работници


Претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис

Претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис

Новинарите и медиумските работници денеска во пет до дванаесет пред просториите на ЗНМ ќе започнат протестен марш за солидарност. Според синдикатот на новинари непосреден повод за тоа се отказите на две новинарки од Утрински весник, кои проговорија за проблемите во нивната редакција, како и последниот чин од драмата што се одвива со медиумите на Перо Наков. Протестот е поддржан и од ЗНМ и од МИМ.
Пораката на протестот ќе биде дека новинарите се организирани и никој не може да ги поткупи, ниту да ги заплаши.
XS
SM
MD
LG