Достапни линкови

Швајцарија им ги замрзна сметките на сиријските власти


Од Владата во Швајцарија соопштуваат дека замрзнале сметки на високи сиријски преставници. На замрзнатите сметки имало околу 22 милиони евра. Портпаролката на секретаријатот за економски прашања потврдила дека замрзнувањето на сметките е санкција која земјата ја воведува кон претседателот на Сирија Башар ал Асад и на уште 22 високи преставници на сиријскиот режим. Претходно Швајцарија ги замрзна и сметките на либискиот лидер Гадафи и на неговите соработници, на египетскиот претседател Хосни Мубарак и на неговите блиски луѓе, како и на тунискиот претседател Бен Али.
XS
SM
MD
LG