Достапни линкови

logo-print

МИМ со подршка за најавениот протест на новинарите


Македонскиот институт за медиуми ја поддржува иницијативата покрената од Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници и Здружението на новинарите на Македонија за протестниот марш за солидарност закажан за утре.
Од МИМ ги повикуваат соработниците и колегите новинари и медиумски професионалци да се приклучат кон овој протест, со цел, како што се вели во соопштението, да ги поддржат барањата на организаторите кои ценат дека се од големо значење за надминување на проблемите во медиумите. Во соопштението на МИМ се наведува дека се загрижени за најавеното затворање на весниците Време, Шпиц и **** е Ре, како и за најавите за редуцирање на информативната програма и функционирањето на А1 ТВ. Од МИМ велат дека треба да се применуваат неселективнo и доследнo законите и процедурите во случајот со издавачот и сопственикот на споменатите медиуми. Секое затворање на медиум е загуба за демократијата и за јавната дебата, како главен инструмент за контрола и влијание врз носителите на моќта во општеството, се вели во соопштението од МИМ.
XS
SM
MD
LG