Достапни линкови

Турција-50 луѓе уапсени за местење фудбалски натпревари


Турската полиција денеска ги уапси првите луѓе на неколку водечки турски фудбалски клубови под сомнение дека местеле натпревари.
Во полициската операција која почнала утринава, истовремено во 12 провинции низ Турција, приведени се околу 50 менаџери и администратори на водечките фудбалски клубови во земјата, како и играчи.
Полициски извори, тврдат дека во оваа акција ќе бидат уапсени речиси 150 луѓе, а меѓу нив засега притврените се и претседателот на Фенербахче и потпретседателот на Трабзонспор.
Станува збор за второ апсење во турскиот фудбал, по акцијата изведена минатата година во која беа уапсени 55 луѓе
XS
SM
MD
LG