Достапни линкови

МОН-бруцошите да избираат професии за кои има работа


Од министерството за образование апелираат идните бруцоши да одберат професии кои се барани на пазарот на трудот. Според податоците на Агенцијата за вработување, се уште има несразномерност меѓу изборот на професиите и работните места. Меѓу професиите кои се бараат и за кои има недостиг од кадри на пазарот на трудот се градежeн инженер, електроинженер, машински инженер и програмер-информатичар. Наспроти овие во евиденцијата на Агенцијата како најбројни кои бараат работа се они кои завршиле општествени науки, правници , eкономисти. Бројките од запишаните студенти лани на државните факултети покажуваат дека интересот е поголем за општствените науки каде се запишале 10.003 студенти, наспроти 5.256 на техничко-природно математичките науки
XS
SM
MD
LG