Достапни линкови

Во Сојузот на здруженијата на пензионерите на Република Македонија има најави за можно формирање на политичка партија.

Оваа најава претседателот на Сојузот на пензионерите, Драги Аргировски, ја потврди и во Дебар за време на одржувањето на Регионалните спортски игри на пензионерите од југозападниот регион. Во сите здруженија расте притисокот за формирање на политичка партија на пензионерите, во случај ако и новата Влада на Никола Груевски ги игнорира барањата за подбрување на стандардот и севкупниот живот на пензионерите во Македонија, истакнува претседателот на Сојузот, Драги Аргировски.
Кај нас има притисок да се направи една политичка партија. Не сме задоволни што како пензионери немаме свој преставник во Парламентот. Ако се реализираат нашите заложби за покачување на пензиите, подобрувањето на стандардот, тогаш нема потреба да се формира партија, но ако не, тогаш се размилува за тоа.

„Кај нас има притисок да се направи една политичка партија. Не сме задоволни што како пензионери немаме свој преставник во Парламентот. Ако се реализираат нашите заложби за покачување на пензиите, подобрувањето на стандардот, тогаш нема потреба да се формира партија, но ако не, тогаш се размилува за тоа. Дека состојбите во Македонија не се подобруваат говори и фактот дека во земјава има само 470 лежишта во пензионерските и старечкиете домови, а тоа е нула во споредба со онаа што го бара Европа. Последниот дом е изграден пред цели 40 години во Скопје, што значи дека за време на транзицијата од 20 години нема ништо изградено.“

Аргировски додава дека тоа значи дека за пензионерите не се води доволно грижа. Тој смета дека пензионерите имаа доволно кадар за формирање на влијателно политичко организирање.

„Ако се има предвид дека Сојузот на пензионерите има 230 илјади членови, тогаш треба да се знае дека имаме и голем број на добри кадри. Имаме луѓе кои ќе се борат за исполнување на правата на оваа катрегорија на лица“, вели претседателот на Сојузот.

Пензионерите, учесници на дебарската регионална средба од повеќе општини од југозападниот регион, во поголемиот дел сметаат дека со формирање на политичка партија многу побрзо се добиваат правата за подобрување на стандардот на пензионерите, но има и такви кои сметаат дека на пензионерите не им е потребно политичко организирање.

„Тоа е сложено прашање. Но, ако владата не ги исполни барањата на пензионерите треба да се разгледа можноста и за политичко
Тоа е сложено прашање. Но, ако владата не ги исполни барањата на пензионерите треба да се разгледа можноста и за политичко организирање.
организирање“, вели еден од учесниците на средбата во Дебар.

„Треба да се организираме за да можеме да си ги оствареме нашите права, но тоа може да биде и преку едно силно синдикално организирање“, подвлекува друг учесник од Охрид.

Двајца анкетирани од Лабуништа и Дебар наведуваат дека неоходно е организирање на пензионерите на една политичка партија.

„Со партија многу побрзо ќе ги добиеме нашите права“, наведуваат тие.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG