Достапни линкови

„Панкот не е мртов“ на меѓународен фестивал во Чешка


Филмот „Панкот не е мртов“ , на македонскиот режисер Владимир Блажевски, денеска своја меѓународна премиера ќе има во рамки на неделната програма на 46-тиот Интернационален филмски фестивал во чешкиот град Карлови Вари . Филмот ќе биде претставен од неговиот автор, заедно со актерите Јордан Симонов и Камка Тоциновска. Блажевски преку главниот лик, кој е поранешен пејач на некогаш многу популарна македонска панк група успева да ја долови денешната ситуација и безнадежноста на во земјата во која живееме. .
XS
SM
MD
LG