Достапни линкови

Чешка го презеде претседавањето со Вишеградската четворка


Чешка го презеде од Словачка претседавањето со Вишеградската група. Во наредната година нејзини приоритети ќе бидат координација на позициите во однос на нацрт буџетот на ЕУ, енергетската безбедност, нуклеарната енергија и европската интеграција на Западен Балкан. Вишеградската четворка, која ја сочинуваат Чешка, Словачка, Унгарија и Полска, беше создадена пред стапувањето на овие земји во ЕУ. Сега Групата настојува своите ставови да ги усогласи на европско ниво.
XS
SM
MD
LG