Достапни линкови

Монако- и црковна венчавка за кралската двојка


Принцот Алберт од Монако и поранешната олимписка пливачка Шарлин Витсток , се венчаа денеска на црковна церемонија во присуство на голем број познати личности. Брачната двојка, вчера имаше граѓанска венчавка. Меѓу 3.500 гости на свадбата беа и дизајнерот Карл Лагерфилд, актерот Роџер Мур, поранешната прва дама на Франција Бернадет Ширак, актуелниот француски претседател Никола Саркози, романската гимнастичарка Надја Команечи, американскиот сопран Рене Флеминг, како и членови на европски кралски семејства, шефови на држави, манекенки и спортисти. Меѓу гостите беше и Џорџо Армани, кој ја дизајнираше венчаницата на невестата. За изработка на венчаницата биле потребни повеќе од 2.500 часа работа, 80 метри свила и 40 илјади кристали Сваровски, соопшти дворецот. Илјадници луѓе се собраа преку големи видео бимови да ја следат католичката церемонија во ренесансната црква „Свети Јован Крстител“.
XS
SM
MD
LG