Достапни линкови

Армијата на САД ќе ја избегнува територијата на Пакистан


Американската армија по нови патишта во Централна Азија ќе ги снабдува своите бази во Авганистан со потребните работи и ќе го избегнува Пакистан. Тоа е поради тоа што патиштата што минуваат низ Пакистан може да бидат загрозени по влошувањето на американско-пакистанските односи, пишува Вашингтон пост повикувајќи се на неименувани претставници на Пентагон. Дел од правците за снабдување веќе се преселени а владата на САД е во преговори да ги прошири договорите со Казахстан, Узбекистан и други земји што ќе им овозможи испорака на дополнителни материјали за војната во Авганистан .
XS
SM
MD
LG