Достапни линкови

logo-print

Велика Британија ќе повлече 800 војници од Авганистан


Велика Британија планира да повлече 800 војници од Авганистан до крајот на следната година, пишуваат лондонските медиуми. Според весникот Сандеј тајмс ова е поради тоа што минатиот месец беше објавено дека илјадници американски војници ќе бидат повлечени оваа година, како дел од процесот на предавање на грижата за безбедност во земјата на авганистанските сили. Британската влада во мај објави дека ќе повлече околу 400 војници од Авганистан во текот на следните девет месеци. Британија во Авганистан има 9500 војници.
XS
SM
MD
LG