Достапни линкови

Белград и Приштина постигнаа два конкретни договори


Белград и Приштина за време на петтата рунда разговори во Брисел, синоќа се договорија за решавање на прашањата за слободно движење на граѓаните и за матичните книги. Шефицата на делгацијата на Косово Едита Тахири оцени дека договорот меѓу двете страни всушност е првиот чекор кон признавањето на независноста на Косово од страна на Србија. Шефот на српската делегација Борислав Стефановиќ изјави дека постигнатиот договор ни на еден начин не го загрозува суверенитетот на Србија и не значи признавање на Косово.
XS
SM
MD
LG