Достапни линкови

Грција за неколку недели ќе ги добие парите од ЕУ и ММФ


Јоргос Папандреу и Херман ван Ромпуј

Јоргос Папандреу и Херман ван Ромпуј

Mинистрите за финансии на земјите членки на евро-зоната соопштија дека ќебидат потребни неколку недели за да се склучи нов пакет за спас на Грција. Грција треба да добие 12 милијарди евра од еврозоната и од ММФ до 15 јули, откако министри ја одобрија петтата транша од помошта за Грција. Ратата на ММФ ќе изнесува 3.3 милијарди евра, а уделот на еврозоната изнесува 8,7 милијарди евра. Во наредните недели министрите за финансии ќе ги утврдат и деталите за втората финансиска помош за Грција, како и степенот на учеството на приватниот сектор.
XS
SM
MD
LG