Достапни линкови

Израел негира вмешаност во саботажата на бродови за Газа


Израeл негираше дека оштетиле два брода од флотилата која имa намера дa ја пробие блокадата на појасот Газа. Активистите од хуманитарните групи го обвинија Израел дека е вмешан во уништувањето на два брода, укотвени едниот во Турцја, едниот во Грција. Но од министерството за надворешни работи на Израел велат дека таквите обвинувања се безмислени и тажни обиди за теорија на заговор .Израел во 2007-та воведе поморска блокада на палестинската териорија , за да спречи испорака на оружје на радикалната група Хамас која управува со Газа. Минатата година при обидот да се пробие блокадата, 9 луѓе загинаа, кога израелските сили нападнаа еден од бродовите.
XS
SM
MD
LG