Достапни линкови

Албанија лобира за независноста на Косово


Претседателот на албанскиот парламент Жозефина Топали денеска во Киев ги повика земјите членки на Организацијата за црноморска економска соработка да го признаат Косово. Албанската претставничка на состанокот на Генералното собрание на организацијата, преземајќи ја улогата на претседавач, изјави дека Албанија ќе продолжи да ја поддржува независноста на Косово. Шефот на српската делегација Александар Влаховиќ изјави дека претставниците на Србија веднаш реагирале. Тој постапка на Топали ја оценил како „депласирана и недипломатска“. Изјавата на Топали следеше само два дена откако албанскиот претседател Бамир Топи на самитот на земјите членки на Процесот за соработка на ЈИЕ во Црна Гора ги повика државите да ја признаат независноста на Косово.
XS
SM
MD
LG