Достапни линкови

Иран негира дека им дава оружје на Ирак и Авганиситан


Иран денеска ги отфрли американските тврдења дека Техеран шверцува оружје во Ирак и Авганистан, јавува полу-официјалната новинската агенција Фарс. Иранскиот министер за одбрана, Ахмад Вахиди изјавил дека се смешни и лажни американските тврдења и дека тие одат во оправдување на сопстените цели. Вол стрит журнал вчера цитираше неименуван американски официјален преставник кој изјавил дека Елитната Револуционерна гарда на Иран на своите сојузници во Ирак и Авганистан им доставила ракета и проектили кои се користат за да ги убијат американските војници.
XS
SM
MD
LG