Достапни линкови

logo-print

НАТО ги зголемува нападите во западна Либија


Од НАТО соопштуваат дека ги зголемиле воздушните напади во Либија, која се уште во голема мера е под контрола на Моамер Гадафи. Во соопштението на Алијансата се наведува дека оваа недела се уништени повеќе од 50 воени цели во западниот дел на земјата. Нападите на НАТО се насочени кон силите лојални на Гадафи. Гадафи вчера изјави дека ќе ја нападне Европа, ако не престанат нападите на НАТО врз неговата земја.
XS
SM
MD
LG