Достапни линкови

logo-print

Вестервеле-Турција да има праведен третман во преговорите со ЕУ


Турција, која има стратешка улога во регионот, треба да биде праведно третирана и со почит во преговорите за членство во ЕУ, изјави германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле, кој се наоѓа во посета на Турција. Вестервеле на заедничката прес-конференција со турскиот колега Ахмет Давутоглу изјавил дела е важно змејите да се третираат со почитување меѓу себе. Германија и Франција се против членството на Tурција во ЕУ и заговараат воспоставување „посебно партнерство“ на Унијата и нациите со муслиманско мнозинство, но Анкара ја отфрла таквата идеја.
Преговорите за интегрирање на Турција во ЕУ се прекинати, главно поради прашањето за Кипар, кој е поделен меѓу Турција и Грција, а кој Анкара не го признава. Турција, исто така, одбива да ги отвори своите пристаништа за Кипар, кој е членка на ЕУ од 2004 година
XS
SM
MD
LG