Достапни линкови

Иран до 2015-та ќе ја затвори целосно источната граница


Иран соопшти дека до 2015-та целосно ќе ја затвори својата источна граница со Авганистан и Пакистан, за да се спречи шверцот со дрога и инфилтрација на вооружените групи. Иранските власти велат дека 90 проценти од источната граница веќе е затворена, но останатите 10 проценти во регионот Сараван ќе бидат затворени во следните 3 години. Иран почна со запечатување на својата источна граница, во должина од 1.800 километри уште во деведесетите години. Граничниот „ѕид“ се состои од насипи, ровови, канали и бетонски ѕидови.
XS
SM
MD
LG