Достапни линкови

logo-print

Строс Кан ослободен од притвор


Поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Строс Кан денеска во судот во Њујорк е ослободен од домашен притвор во кој беше ставен по обвинувањето дека на 14 мај сексуално нападнал една собарка во хотелот Софител во Њујорк. Тој беше во домашен притвор во Њујорк со кауција од милион долари во готово и 5 милиони долари во акции кои денеска му биле вратени. Неговите патни документи остануваат кај американските власти и тој на 18 јули повторно треба да се појави пред суд.
XS
SM
MD
LG