Достапни линкови

Ромпуј: важни одлуки за Западен Балкан


Херман ван Ромпуј

Херман ван Ромпуј

Претседателот на Европската унија Херман ван Ромпуј денеска во Варшава по повод почетокот на претседавањето на Полска со Унијата изјави дека во следните шест месеци може да се очекуваат важни одлуки за некои земји од Западен Балкан. Тој на средбата со претседателот на Полска Бронислав Коморовски нагласи дека пристапување на Хрватска кон Унијата ќе им даде нов поттик на земјите од Западен Балкан под услов тие енергично да ги продолжат реформите.
XS
SM
MD
LG