Достапни линкови

logo-print

Колективна оставка на Советот на честа при ЗНМ


Сите членови на Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија денеска си поднесле оставка. ,,Колективната оставка е и знак на протест за состојбата во која се најде македонското новинарство, кое стана целосен заложник на интересите на сопствениците на медиумите и на останатите центри на моќ, главно на политичките партии, наместо да и служи на јавноста и на вистината,, се вели во официјалното соопштение на Советот во кое се додава: ,,Сегашната ситуација нé поразува како луѓе и како новинари. Не гледаме можност во рамки на сегашните услови да го штитиме достоинството и принципите на новинарството,,. Здружението на новинарите на Македонија изрази жалење за колективната оставка со оценка дека тоа ќе ги охрабри оние што дваесет години го држат во заложништво македонското новинарство.
XS
SM
MD
LG