Достапни линкови

Косор: хрватите ќе го поддржат влезот во ЕУ


Јадранка Косор и Херман ван Ромпуј

Јадранка Косор и Херман ван Ромпуј

Хрватска, со затворањето на пристапните преговори со Европската унија, направи голем успех, оцени денеска премиерката Јадранка Косор и изрази очекување дека граѓаните со големо мнозинство ќе го поддржат влезот во Унијата. Таа на прес конференцијата во Загреб исто така изрази уверување дека до крајот на годинава ќе биде потпишан пристапниот договор по што би можело да се пристапи кон организирање на референдумот.
XS
SM
MD
LG