Достапни линкови

Претседателот Иванов го прими началникот на ГШ на АРМ Стојановски


Претседателот на Македонија и врховен командант на вооружените сили на АРМ Ѓорге Иванов денеска го прими началникот на Генералштабот, генерал потполковник Мирослав Стојановски. На средбата, која е дел од завршните консултативни средби на претседателот Иванов за избор на нов началник на Генералштабот биле разменети мислења и за идните планови и цели на Армијата. Притоа е констатирано дека влезот во НАТО останува врвен приоритет на македонската надворешна и безбедносна политика. Наведено е дека консултациите на претседателот за именување нов началник на Генералштабот се во завршна фаза и оти изборот ќе биде објавен на 18 август Денот на Армијата.
XS
SM
MD
LG