Достапни линкови

logo-print

Работната група на Еулекс за извештајот на Дик Марти наскоро оперативна


Работна група на Еулекс за истрага на наводите за трговија со човечки органи од извештајот на Дик Марти, ќе биде оперативна до крајот на овој месец, изјави денеска за Танјуг, Ирина Гудељевиќ, портпарол на Еулекс.
Таа потсети дека Еулекс формираше работна група која ќе ги продолжи истрагата за наводите од извештајот на Дик Марти од декември лани. Во Еулекс е формирана база за специјални податоци кои ќе бидат користени за истрагата и во која увид ќе имаат само членови на работната група од седиштето во Брисел и Еулекс.
XS
SM
MD
LG