Достапни линкови

logo-print

Романија - Неверството, развод и пари


Новиот романски Граѓански кодекс, што ќе стапи во сила по три месеци, предвидува измени при разводот и можност за обештетување во случај на неверство.
Според новиот закон брачниот партнер кој не е виновен за разводот, а бракот завршил по 20 и повеќе години може да бара морално обештетување - еднократна парична сума, помала кирија или пак право на користење на недвижен или подвижен имот.
Втората новост е воведување на предбрачен договор со што се регулира како ќе биде поделен имотот во случај на развод.
XS
SM
MD
LG