Достапни линкови

logo-print

Клинтон со предупредувања до Белорусија и Сирија


Хилари Клинтон во Вилнус

Хилари Клинтон во Вилнус

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Вилнус ги повика лидерите на Белорусија и на Сирија да го запрат акциите против опозицијата и да спроведат политички реформи. Клинтон која учествува на меѓународната конференција за демократија во главниот град на Литванија наведе дека сирискиот претседател Башар ал Асад ќе се соочи со се поорганизиран отпор доколку не прекине со насилното справување со антивладините протести. Таа исто така наведе дека Соединетите држави бараат од Белорусија да ги ослободи сите политички затвореници.
XS
SM
MD
LG