Достапни линкови

Во Атина конференција на Социјалистичката интернационала


 Јоргос Папандреу

Јоргос Папандреу

Во Атина денеска почнува дводневно заседание на Советот на Социјалистичката интернационала со учество на околу 300 претставници од целиот свет. Меѓу учесниците на форумот се претседателот на Србија Борис Тадиќ, на Ирак Џалал Талабани, претседателот на Партијата на европските социјалисти Пол Расмусен и лидерот на „Праведна Русија,, Сергеј Миронов. Главни теми на форумот се поддршката за стремежот на прогресивниот арапски свет за слобода и рамноправност и иднината на нуклеарната енергија. На средбата ќе говори претседателот на Социјалистичката интернационала, лидерот на владејачкиот ПАСОК, премиерот Јоргос Папандреу.
XS
SM
MD
LG