Достапни линкови

Строс Кан повторно на суд


Поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Строс Кан денеска од судот во Њујорк ќе бара промена на условите од кауцијата за притвор по обвинувањето дека на 14 мај сексуално нападнал една собарка во хотелот Софител во Њујорк. 62 годишниот Строс Кан ги отфрли обвинувањата, а на 19 мај поднесе оставка. Весникот Њујорк Тајмс пишува дека обвинителите размислувале да се откажат од обвинувањата против Строс Кан, бидејќи се сомневале во кредибилитетот на собарката. Тоа, според посматрачите, може да го отвори патот за негово кандидирање на претседателските избори во Франција во мај идната година. Тој е во домашен притвор со кауција од милион долари во готово и 5 милиони долари во акции.
XS
SM
MD
LG